Мравки во пчелниот сандак – колку се штетни ?

Вести Пчеларство Совети

Мал е бројот на пчелари кои немаат проблеми со мравките кои се наоѓаат под покривот на сандакот, каде што се размножуваат и ги вознемируваат пчелите, особено ако сандаците се наоѓаат во близина на шумата. Затоа е неопходно да се уништат мравките што се наоѓаат во близина на коприва.

Дали и како мравите им штетат на пчелникот ?

Практично, мравките и пчелите живеат во некаква симбиоза. Тие работат многу добро затоа што мравките ја користат топлината на пчелната заедница, како и храната што ја наоѓаат во и околу самиот сандак. За да им се оддолжат на пчелите, мравките им помагаат со тоа што го чистат остатокот од храната што ја фрлаат, а исто така и вршат чистење на средината од изумрените пчели.

Мравките влегуваат во сандакот од места, кои што пчелите ги немаат залепено со прополис (мали отвори, подот со жичани решетки) и иако директно не ги напаѓаат пчелите, тие ги вознемируваат поради нивното присуство.

Можно е, иако ретко, мравките да го уништат целото пчелно семејство. Ова најчесто се случува во веќе слабите семејства, кои и без присуство на мравките би изумреле.

Мравките во борба против вароа ( пчелен паразит )

Мравките извршуваат многу еколошки улоги, вклучувајќи ја и намалување на штетници и проветрување на почвата. Тие се чистачи на природата, бидејќи отстрануваат разни нечистотии и ситна органска материја, која би се акумулирала и би постанала извор на инфекција.

Што се однесува до пчелите, мравките играат важна улога во чистењето на подот на сандакот, како и во борбата против опасниот пчелен паразит – вароа. Мравја киселина, која се излачува од мравките, е многу ефикасна во сузбивањето на овој паразит. Затоа, ако не се во голем број и не предизвикуваат поголеми проблеми, тие не треба да бидат уништени.

Уредниот сандак, како главна превентивна мерка вклучува редовно косење и собирање на тревата, како и отстранување на отпадот и нечистотиите од самиот сандак. Покрај тоа, се препорачува, веќе споменато, уништување на мравките лоцирани во близина на сандакот со поливање со нафта или со преработено масло.

  • Подмачкување на ногалките на постољето, на кој се наоѓа сандакот, со техничка или некоја друга маст, ќе ги спречи мравките да се качуваат кон него.
  • Природни средства, како што се: лист од домати, коприва, орев,  цимет, сол.

Инсектицидите не се препорачуваат, бидејќи ги загрозуваат и самите пчели.

 

Препорака од еден пчелар за присуството на мравките во сандукот

За да се “справите” со мравки од сандакот, како добра алатка во пракса, е  “кинеската креда” која е достапна и може да се купи во земјоделска аптека.

 “На растојание од 10 сантиметри, со креда го исцртав околу целиот сандук, а на капакот со кредата направив еден круг и во него еден голем X. Не сакав да ги допирам мравките, тие останаа на капакот. Мравките избегаа и кога трагите од креда избледеа, ги повторив отпечатоците со креда, по што мравките се одалечија од сандукот.”

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *