МЖСПП почнува кампања за Малешевијата да стане заштитен предел

Вести

Под мотото „Да го зачуваме Малешево за идните генерации!“, Министерството за животна средина, заедно со со Македонското еколошко друштво, „Национални Шуми“ и со општините Берово и Пехчево, започнаа кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните десет дена, ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини, по што ќе биде организирана и јавна расправа.

„Регионот Малешево, што ги опфаќа општините Берово и Пехчево, претставува целина која се истакнува со своето природно и културно богатство, каде што управувањето со шумите е долгогодишна традиција. Малешевијата е област во која природата истурила едно чудо убавини, природни богатства од кои застанува здивот. Борови, дабови и букови шуми, чисти реки, разновидност од цвеќиња и лековити чаеви, мноубројни животински видови, традиции, храна. Малешево навистина ги исполни сите услови за да стане заштитено подрачје“, посочуваат од Министерството.

Во рамките на кампањата јавноста ќе се информира и ќе се запознае со тоа што претставува заштитено подрачје и како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Ќе се презентираат промотивни видеа, илустрации и други содржини за природните вредности, биодиверзитетот, туризмот, планинарството, културата и традициите во Малешево, а ќе се споделат и важни информации за идното заштитено подрачје. Кампањата, информираат од Министерството, е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје, како и од општините Берово и Пехчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *