МЗШВ: Минимум 10 пчелни семејства за услов за субвенции

Вести Пчеларство
На вчерашната седница на Владата, донесена е одлука со која ќе им помогнеме на пчеларите.
На нивно барање, направивме измена со која досегашниот минимум за регистрирани презимени пчелни семејства од 35 се намалува на 10. Ова значи дека сите пчелари кои имаат регистрирано минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции.
Со ова, ќе го стимулираме пчеларството, како битна сточарска гранка, која ќе придонесе за поголем рурален развој. Истовремено ќе го зголемиме производството на мед и пчелни производи, а тоа на нашите простори има долга традиција, која ние со ваквите мерки ќе придонесеме да се развива уште повеќе.
МЗШВ, Министер Арјанит Хоџа
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *