Уредба за директни плаќања за 2021 година на корисници за поледелски култури

Вести

Уредба за директни плаќања за 2021 година на корисници за поледелски култури

Висина на директни плаќања за поледелски култури

Мерка 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2020/2021 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка.

-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2020/2021 година;

Висината на директните плаќања за пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо,хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка изнесува 12.000 денари по хектар, односно 14.400 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 ха до максимум 50 ха со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимална употребената количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребена количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за афион изнесува 16.000 денари по хектар, односно 19.200 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 ха со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минималната употребена количина на семе по хектар.

-Висината на директните плаќања за сите наведени култури, согласно алинеја 1 од оваа подмерка изнесува 6.000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде изнесува 8.000 денари по хектар и за ориз изнесува 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

-Висината на поддршката од алинеите 3,4,5 и 7 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 до 50ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60%, и над 100 ха 30% збирно за сите култури.

 

Мерка1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со големина од 5 до 50 хектари

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2020/2021 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица,’рж, овес и сончоглед, а се корисници на од подмерка 1.1 ;

Оствареното производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси над 4.000кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, 3.000кг/ха за ‘рж, 3.000кг/ха за овес и 1.500кг/ха за сончоглед:

-Висината на дирекните плаќања за засеана површина со сертифициран семенски материјал од јачмен, пченица, ‘рж, овес и сончоглед изнесува 5.760 денари по хектар.

1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со сончоглед

– Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и се корисници од подмерка 1.1

-Висината на директни плаќања за засеани површини со сертифициран семенски материјал од сончоглед изнесува 3.000 денари по хектар.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април. Ве очекуваме во Современо Земјоделство за брзо, точно и бесплатно пријавување на субвенции.

М-р Билјана Петровиќ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *