МЗШВ: Проблемите се системски и се решаваат трајно

Вести

Тетово беше град на јаболкото, компирот и гравот.
Тетовчани живееа од извозот на овие три брендови, а континуираната негрижа на државата минатите години за овие брендови доведе до ситуација да ги нема на пазарот, а брендот уште да живее. Па така, и ден денес по продажните места во регионот ќе најдете тетовски грав од Киргистан, компир (паланечки, беровски или тетовски) од Полска и Молдавија, што не е случај со јаболкото, бидејќи ресенското е институција.

Овие трибини се прават со цел да се слушнат од прва рака проблемите, а потоа да се работи на нивно решавање. Проблемите се системски и се решаваат поспоро, но трајно.

На пример, малку знаат дека повеќе од 15 години нашата држава не може да извезува компир во ЕУ земји и со тек на време се откажа од сериозно производство, кое сега не ги задоволува ни домашните потреби.

За таа цел уште од минатата година Министерството за земјоделство преку Фитосанитарната управа работи на имплементација на програма за отстранување на оваа бариера.

Министерството веќе поднесе барање до Европската Комисија за започнување на процедурата за дерогација забраната на компирот.

Откако ќе заврши овој процес, сите производители од овој регион, како и од регионите на Крива Паланка, Берово, Кратово и генерално Осоговијата, Малешевијата и Полог ќе можат повторно да го извезуваат својот бренд.

На тоа работиме и за тоа сме таму кај што сме.

Министерот Љупчо Николовски и целата ресорна управа денес ги претставија досегашните резултати и плановите за иднината. Некои од ефектите од овие политики ќе се видат брзо, но оние за кои треба повеќе време, се решенија кои се трајни. Затоа, смело.

“МЗШВ”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *