Лебот се произведува во согласност со нормативите

Вести

Во последно време сѐ поголем е трендот на консумирање леб од ‘рж. Додека во минатото овој леб бил наменет за пониските класи, а поимотните користеле исклучиво бел леб, денес состојбата е поинаква. Лебот од ‘рж е поздрав за организмот, па затоа и сѐ повеќе може да се најде на трпезите.
И тука се поставува прашањето дали навистина консумираме леб од ‘рж или сепак јадеме пченичен леб полн со бои.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во согласност со одредбите од Правилникот за адитиви, операторите се должни во производството да користат исклучиво адитиви што се дефинирани во листата на дозволени во правилникот, а која редовно од страна на Агенцијата за храна се ревидира во согласност со промените што се вршат во европската легислатива за оваа област.

– Годинава се спроведени 596 инспекциски контроли во објекти за производство и промет на леб и бели печива, при што се извршени девет лабораториски испитувања, кои исто така не покажаа отстапувања. Во минатите години лабораториското тестирање на лебот што се пласира на пазарот во Република Македонија беше вршено во согласност со Програмата за мониторинг на безбедноста на храната, при што во ниту една испитана мостра не беа евидентирани отстапувања – информираат од АХВ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *