Преку мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините, се подобруваат условите за живот во секоја општина во државата.
Општина Кочани преку Програмата за рурален развој за реализација на три капитални проекти од Платежната агенција доби финансиска поддршка во износ од 32,8 милиони денари, а Центарот за развој на источен плански регион близу 13 милиони денари.
-Денеска ја посетивме локацијата кадешто веќе се реализира едниот проект преку мерката „Инвестиции во локална патна инфраструктура (за поврзување на села со регионален пат или со населено место-град во должина до 7км“, односно на местото кадешто се гради локалниот пат од село Градче до Кочани. Овој пат е од големо значење за жителите, бидејќи значително ќе се намали времето за патување, истакна министерот Трајан Димковски.
Преку истата мерка се врши и изградба на улица во село Оризари за поврзување со град Кочани.
„Современо Земјоделство“