Кампањата за сончогледот започна: Откупен пункт во Битола, гарантирана цена и одложено плаќање на семе, ѓубриво и заштитни средства

Вести

Во Битола се одржа средба на работната група за Договорно производство на сончоглед со неколку сериозни земјоделски производители, со цел запознавање со новата информативна кампања 2020 година.

На средбата се разменија мислења и искуства за годинешната успешна реколта и се дадоа предлози како уште повеќе да се мотивираат земјоделците да насеат сончоглед.

Директорот на АД „Благоја Ѓорев“ од Велес – Горанчо Лазов, ја потенцираше важноста од враќањето на сончогледот на македонските ниви, како за земјоделците кои ќе имаат сигурен откуп така и за државата и правилното насочување на субвенциите во насока на зголемување на домашното производство и намалувањето на одливот на девизи.

-Во интерес на сите е сончогледот да се врат на македонските полиња. Земјоделците ќе можат да си направат калкулации. Две години по ред цената на сончогледот е ниска но понатаму се надеваме на повисока цена, а во новите договори ќе имаме гарантирана цена под која нема да се оди. Исто така за следната година договараме заеднички со компанијата „Биспромет- Агроцентар“ да помалите земјоделци немаат дополнителен трошок да го носат сончогледот до Велес, туку откупот да се врши во Битола. Ние би отварале и други пунктови ако интересот е поголем. Ако можеме да го зголемиме интересот и условите ќе бидат подобри. Ние сме сериозна фирма и се што сме се договориле до сега исполнивме. Затоа се обидуваме и преки АГРОТИМ да допреме до земјоделците – изјави Лазов и додаде дека е многу важно земјоделците да се здружуваат и заеднички да настапуваат пред откупувачите и институциите.

-Идејата за откупен центар во Битола ја имавме одамна бидејќи увидовме дека во алката производители – преработувачи недостига елементот на здружување и намалување на трошоците на условно помалите земјоделски производители. Во овој проект на Договорно производство на сончоглед, ние како „Биспромет – Агроцентар“ сме снабдувачи на семенски материјал. Ќе им дадеме на земјоделските производители семе и други репроматеријали на одложено плаќање. Кога ќе ги земат парите од сончогледот тогаш ќе ни платат. Нашите семиња се висококвалитетни, од познати еропски и светски семенарски куќи , докажани во светот кои гарантираат висок и квалитетен принос. Особено е важно што сортите се прилагодени на нашите климатски и почвени услови со цел земјоделците да добијат висок принос и да заработат од производството- вели Никола Ѓероски, директор на „Биспромет Агроцентар“.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *