МЗШВ започнува соработка со локалните самоуправи

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува интензивна соработка со локалните самоуправи.

Во таа насока е и денешниот работен состанок на министерот Љупчо Николовски, со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, на кој што разговараа за изградбата на браната Отиње, во делот за обнова на техничката документација кој финансиски ќе го покрие #МЗШВ.

10 милиони денари ќе издвои министерството за земјоделие за изградба на брана на р. Отиње. Овие средства ќе бидат наменети за подготовка на техничка документација, поточно за нејзина обнова, најави при денешната посета на Штип, ресорниот министер Љупчо Николовски.

– Ообено е значаен овој проект за заштита на градот од поплави. Ќе ги разгледуваме и сите други можности и во делот на искористувањето на земјоделското земјиште. Навистина станува збор за проект кој што е општ интерес и затоа е вметнат во програмата на Владата-изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

– Кога ќе бидеме спремни со целата документација, потоа ќе дискутираме за начинот на финансирање на оваа обрана-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

Николовски информираше и дека на синоќешната седница на економскиот совет при Владата е разговарано за прашањето за не изградбата на карго аеродромот. Од турски ТАВ се очекува да исплати 45 милиони евра, пари кои ќе бидат пренаменети за инфраструктурни проекти, а експроприраното земјиште да се даде под концесија на плодоуживање.

– Ние би сакале да го ставиме во функција целокупното земјоделско земјиште- додаде Николовски

Од следната недела ќе се распише и оглас за 1400 ха земјоделско земјиште од поранешниот комбинат „Џумајлија“.

На работниот состанок се разговараше и за мерките од Програмата за рурален развој, за кои општините ќе можат да аплицираат.

Мерките се однесуваат на инвестиции во локалната патна инфраструктура, изградба на водоснабдителни и канализациони системи, изградба на добиточни пазари и набавка на опрема за организирање на продажба на жив добиток во руралните средини и друго.

Вкупно за Програмата за рурален развој оваа година се планирани 35 милиони евра.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *