За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,78 метра повисок од просекот за мај, додека кај Охридското Езеро е понизок за 19, а кај Преспанското Езеро за 1,61 метар понизок од повеќегодишниот просек за овој месец. И покрај тоа нивото на Преспанското езеро за 10 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и бележат благо намалување во однос на вчера. Исклучок е реката Пчиња на мерното место кај Катлановска Бања каде нивото е малку повисоко од просечното.