Намален водостојот на реките

Вести

Водостојот на реките во земјава е намален во однос на вчерашниот ден, а зголемување на нивото имаат реките Вардар на мерното место кај Демир Капија, Треска на мерното место кај Македонски Брод, Струмица на мерното место кај Сушево и Црна Река кај Новаци.

Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на природните езера во земјава се исти како вчера.

Водостојот на Преспанското Езеро за 16 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *