Претпладне променливо облачно, попладне сончево

Вести

Времето претпладне, особено на север и на исток,  ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе преовладува сончево време. Преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *