Наскоро Гарантен Фонд за земјоделски кредити

Вести

Кредитирањето во земјоделството не треба да ги надомести само ограничените финансиски можности на земјоделците. Според експертите, парите им се неопходни и поради специфичниот начин на производство, односно несигурноста колкав ќе биде очекуваниот род, променливите цени и долгото време и трошоците од почетокот до продажбата на финалниот производ.

Банките секогаш се претпазливи кога е во прашање одобрувањето на земјоделските заеми. Засега во овој сектор има неколку можности за полесен пристап до банкарските кредити.

Годинава се предвидени 30 милиони денари за субвнеционирање на каматите за инвестициите преку ИПАРД програмата.

Исто така во најскоро време треба да профункционира и националниот Гарантен фонд кој ќе биде жирант за земјоделците за кредитите земени од комерцијалните банки. Со овие средства е обезбедена гаранција за максимум 50 проценти од висината на добиениот кредит чија вредност може да биде најмногу до 500.000 долари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *