Наскоро НОВ ЈАВЕН ПОВИК од 10.000 евра за МЛАДИ земјоделци за започнување со земјоделска дејност

Вести

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски информира дека во текот на месец август ќе има нов јавен повик за поддршка од 10 000 евра за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.

Тој на својот Фејсбук профил потсети за важноста на оваа мерка и големиот интерес од страна на младите земјоделци.

-Од 2017 до 2022 година ️841 решение е доделено за мерката млад земјоделец во износ од 10.000 евра, за поддршка и развој на младите. Во текот на месец август ќе следува нов јавен повик за поддршка од 10.000 евра на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност. Моја лична заложба е за што повеќе млади во земјоделството, да се реализираат и да работат дома, во својата татковина – напиша Николовски.

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години.  На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјоделското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *