Навалувањето на пченица може да биде предизвикано од разни причини. Се манифестира на таков начин што растенијата помалку или повеќе се навалуваат.
Обично, пченицата се навалува за време на формирањето на класот, поретко пред тоа. Ако се навали во класењето или за време на цутењето, штетата е поголема, иако и подоцнежното навалување доведува до потешка жетва. Штетите од навалувањето, се манифестираат со послаб плод и повеќе се изложени на болести, со што се намалува приносот и квалитетот на житото.
Превентивните мерки вклучуваат: правилен избор и подготовка на семе за сеидба, правилно и навремена обработка и подготовка на почвата, навремена сеидба и правилна врска на НПК ѓубрива. Директни мерки: Одгледување на сорти кои се поотпорни на навалување, извивање, валање и третирање со средства.