Не горете ги пласичните амбалажи од  пестицидите! Може да биде исклучително опасно!

Вести Совети

Зошто? За пакување на пестициди се користат полиетиленски шишиња, кои, заради нивната висока молекуларна тежина, се практично неразградливи во природата. Повеќето земјоделци палат или фрлаат такви шишиња, што е неприфатливо кога станува збор за заштита на животната средина.

Кога гори пластиката предизвикува високи концентрации на опасни гасови и испуштање во воздухот на екстремно токсични соединенија кои лесно можат да поминат од воздухот во почвата и со тоа да бидат вклучени во ланецот на исхрана.

Неправилното отстранување на отпадна пластика кај фармите може да предизвика загадување на почвата и подземните води и да влијае на здравјето на луѓето, растенијата и животните.

Покрај тоа, таквата пластика изложена на надворешни услови може да стане легло на зараза, бидејќи привлекува разни видови глодари, комарци и слични носители на заразни болести.

Должност  на земјоделецот е да ги исплакне празните шишиња со пестициди со вода три пати, да ја искористи таа течност за да ги третира растенијата и да ја стави празната амбалажа на безбедно место каде што нема да биде загрозен животинскиот свет.

Забрането е да се фрлаат празни амбалажи од пестициди во вода (извори, бунари, реки, езера, езерца), јами, канализации, канализациони мрежи, покрај патишта, депонии и други начини на кои може да се појави загадување на животната средина.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *