Некои раси на свињи

Вести Совети Сточарство

Некои од најпознатите раси на свињи се германски ландрас, дански ландрас, пиетрен и големиот јоркшир.

Расите на свињи можеме да ги поделиме на:

1. Примитивни раси се масни свињи кои потекнуваат непосредно од дивите свињи и живеат во скромни услови и затоа се со поскромни производствени својства.

2. Преодни раси, кои настанале од избирање и вкрстување на домашните раси, со поголеми производни способности и потреба од одредени услови за производство.

3. Благородните раси се со високо-производни способности и имаат голема потреба во поглед на одгледувањето, негата и исхраната.

Примитивни раси се Мангулица, Турополска свиња, Багун, Шишка. Карактеристично за нив е што доста доцна полно созреваат, имаат ниска плодност и висока потрошувачка на храна по единица прираст.

Преодни раси се Црна славонска свиња, Беркшир и Среден Јоркшир. Карактеристично за нив е дека повеќето производствени својства им се наследени од примитивни раси, но бараат поголемо внимание внимание од нив.

Благородни раси на свињи се:

Дански ландрас

Тоа е една од најдобрите бели благородни раси. Во втората половина на 19 век го увезиле  јоркширот во Данска со цел да создадат сопствен ландрас (водечка раса во светот).

Во првата фаза, Данците го продадоа својот расплоден материјал во соседните земји, но престанале поради конкурентски причини.

Главата им е фина, лесна, средно долга, со долги и клампави уши, вратот: средно долг и слабо изразен, рамото лесно и добро поврзана со градите, телото долго, грбната линија рамна, предниот дел од телото послабо развиен од задниот дел, 12 – 14 пупки, нозете му се силни, цврсти и суви, со правилен став. Возрасните грла во расплод: 200 – 250 кг нерези, 180-220 кг. маторици.

Тие имаат добри адаптибилни способности. Често се користат при вкрстување.

Производни способности:

  • способни се за репродукција со наршени 7 месеци
  • плодност 10-12 прасиња во легло ( 10 живоопрасени )
  • родна маса на прасињата 1,2 кг, кај одбиените на 30 дена 7-7,5 кг , на 6-7 месеци, товните раси достигнуваат до 100 кг.
  • дневниот прираст кај свињите за тов изнесува 700-750гр. , нерезите при тестирање 890гр. со потрошени 2,28гр. храна за 1 кг. прираст.

Шведски ландрас

Расата е создадена под влијание на данскиот ландрас. Најраширенат и најплодна раса, заедно со со големиот јоркшир.

Главата им е умерено долга, лесна, широка во челото, средни долги уши, среден врат, тенок, мускулест, слабо развиен предниот дел на телото, тенок граден кош, а задниот дел се карактеризира со поголема широчина на грбот и карлицата, голема должина на телото, бутовите му се големи, заоблени и длабоки и има 12-16 добро развиени пупки.

Производни способности:

  • голема плодност: 10-12 прасиња во легло
  • родна тежина на прасињата е 1,2-1,3кг. на месец дена е 6-7кг. а на 70 дена достигнува тежина до 25кг.
  • просечен дневен прираст е околу 700гр. нерезите во перформанс тестот, околу 875гр. со 58% на месо во половинките.
  • изедначен по производните способности (особено по квалитетот на месото)
  • добра конституција и адаптациски способности-се повеќе се од значење

Германски и белкгиски ландрас

Тој има малку плоснат профил со изразени уши, трупот е долг, длабок и широк. Се праси во просек со 10 прасиња со родна маса од 1,3-1,4кг. Се карактеризираат со висока меснатост (околу 60%) и ниска конверзија на храна. Многу се слични со белгискиот ландрас, со таа разлика што тој има малку поголема меснатост. Овие две раси се обдарени со бутови, рамења и грбни мускули. Многу се осетливи на стрес и имаат слаб квалитет на мускулното и масно ткиво (бледо, меко и воденасто месо).

Пиетрен

Расата настанала во Белгија во 1955 година. Поради рамењата кои се меснати и заоблени и бутовите кои се длабоки , се верува дека оваа раса има 4 шунки. Грбните мускулите се значително нагласени. Животните се обраснати со влакна со бела боја, на некои места со црни дамки. Маториците со тежина од околу 250 килограми, се прасат со околу 8-9 прасиња по легло, со тежина од 1,3-1,5 кг. Пиетрен е чувствителен на стрес и има послаб квалитет на мускулното и масното ткиво. Со околу 60-65% месото половинките, тоа е најмеснатата свинска раса во светот.

Хемшир

Американска црна раса, со карактеристичен бел појас околу неговиот грб, лопатицата и ногата. Животните имаат испакнати уши, помали димензии и пократки тела. Тие имаат умерена плодност со околу 10 прасиња по легло. При товење постигнуваат добри дневни прирасти и добро искористување на храната. Имаат силна конституција и се многу отпорни.

Дурок

Тоа е најраспространетата раса во Северна Америка. Има силна конституција, па затоа е поволна за одгледување на отворено. Добро ја користи пашата и помалку вредните видови на храна. Има добри товни и кланични својства. Нивната плодност е околу 10 прасиња по легло.

„Современо Земјоделство

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *