Неколку компании од прехранбената индустрија, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици

Вести

Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици. Како што велат за МИА од Стопанската комора на Северна Македонија, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори.

-Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакнуваат од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор. Заклучно со 23 ноември, кога истече крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена, апликации доставиле 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *