Делегација од Сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик гувернерот на Вермонт, Mоли Греј во МЗШВ

Вести

Денеска ја пречекав делегација од Сојузната држава на САД, Вермонт, предводена од заменик гувернерот на Вермонт, Mоли Греј, заедно со командантот на Националната Гарда на Вермонт, генерал – мајор Грег Најт, кои го посетија Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Програмата за државно партнерство.

Во насока на унапредување на 28-годишното партнерство меѓу Северна Македонија и Сојузната држава на САД, Вермонт, делегацијата ги презентираше впечатоците од реализираните средби со претставници од бизнис заедницата, од земјоделскиот сектор, со цел создавање можности за проширување на партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт во оваа област.

Во остварување на планираната меѓудржавна соработка, се разговараше и за посета на министерот Хоџа во САД.

Сето ова е во насока на подобрување на економската соработка, со фокус на развој на земјоделскиот сектор.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *