Nestle очекува скок на продажбата во 2019-та година

Вести

Швајцарската компанија „Nestle“ очекува раст на продажбата со 3% во оваа година, откако успеа да го подобри своето претставување на пазарите во Кина и Северна Америка што помогна да се забрза растот на продажбата во 2018-та година по шест години на одложување, соопштува „Ројтерс“.

Барањето на спакуваната храна настрада од трендот кон пренасочување на вниманието кон здравата исхрана, а извршниот директор на „Nestle“, Марк Шнајдер се обидува да ја врати најголемата компанија за храна и пијалаци во светот на претходната стапка на раст преку подобрување на ефикасноста и фокусирање врз постарите групи.

Органската продажба се зголемува со 3% за целата година, земајќи го предвид растот од 3,7 отсто во конечното четврто тримесечје на годишна основа.

Позитивниот резултат значи дека „Nestle“ успеала да ги надмине прогнозите на аналитичарите за раст на продажбата за предметниот квартал од 3,5 отсто.

Нето добивката на компанијата оствар скок од 42% на годишно ниво до 10,1 милијарди швајцарски франци (10,02 милијарди долари).

Швајцарската компанија исто така објави дека ќе ги разгледа стратешките опции за продажба на својот бренд за ладни месни производи „Herta“.

Овој план е дел од реорганизацијата на бизнисот на „Nestle“, со кој цели да се прилагодат на брзо менување на кориснички вкусови. Компанијата ќе го зајакне својот фокус на кафето, грижата за животните, бебешките храни и флашираната вода.

„Nestle“ има намера да ги продаде сите свои единици кои заостануваат со своето претставување.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *