Ниеден килограм тутун нема да остане неоткупен

Вести тутун

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски и директорот на ДИЗ, Зоран Шапуриќ остварија средба со Сојуз на здруженија на тутунари, тутунопроизводители и претставници од откупни претпријатија, што откупуваат тутун во општина Долнени.

Исто така, реализирана беше и посета во општина Кривогаштани, кадешто разговараа со тутунопроизводителите и со откупните претпријатија во овој регион.

Целокупното количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупено, откупот се одвива непречено.

Ниеден килограм тутун нема да остане неоткупен!

Владата на Република Северна Македонија ги зголеми субвенциите за тутун со воведување на новиот модел за субвенционирање бидејќи ова е стратешка извозна гранка.

МЗШВ и ДИЗ се постојано на терен со цел да има непречен откуп и да нема манипулации.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *