Николовска во посета на компанијата „ВИПРО“: Продолжуваат активностите околу договорното производство со сериозни преработувачки капацитети

Вести

Со земјоделскиот производител Јован Петков од Валандово, со кого ја „биеме битката“ за договорно производство на зелка, бевме на средба во преработувачкиот капацитет „ВИПРО“ во Гевгелија.

Средечениот однос на сопственикот Виктор Петков не охрабри дека развојот на договорното производство е можен кога двете страни имаат сериозни намери. Јас бев сигурна во нашата успешна средба имајќи ги предвид професионалноста и коректноста на г-дин Петков со кого се знаеме многу одамна и секогаш сме биле на истата страна – земјоделците и земјоделското производство.

Преговорите со преработувачите на зелка, ќе продолжат и во следниот период. Со Јован планираме да посетиме и други компании од преработувачкиот сектор и да им го објасниме моделот на договорното производство, а тоа најмногу е враќање на довербата меѓу производителите и преработувачите, затоа што условите се промените, а ова се сега млади и амбициозни земјоделци кои сакаат да имаат сигурен пласман и заработка.

Поддршката од Вицепремиерот задолжен за економските сектори, Фатмир Битиќи веќе ја имаме, а тука е секако и МЗШВ и останатите владини институции од земјоделскиот сектор кои активно учествуваат во развојот на договорното производство.

Со сопственикот на „ВИПРО“, Виктор Петков разговаравме и за можноста за негово вклучување во Проектот Договорно производство на органска пиперка за органски ајвар, производ за кој постои интерес од страна на странските трговски партнери на „ВИПРО“. Во моментов течат подготовките и за тој проект за кој има голем интерес од страна на земјоделците и преработувачите.

Се надевам дека оваа 2022 година ќе биде година на Договорното производство!

Фејсбук статус на Ленче Николовска – Директорка на Агротим.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *