Со нов правилнк ќе се дозволи минимално присуство на ГМО во храната

Вести

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се продава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013 година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола.

-Ние до е-влада доставивме предлог Правилник. Во правилникот, покрај начинот како ќе се спроведува е предвидена и границата на толеранција или прифатливост на случајно или техничко неизбежно присуство на ГМО храна во текот на производството. Би сакал да кажам дека практично со ова ќе се усогласиме со Европската регулатива или со законодавството таму. Тоа значи дека прагот на тоа што не е ГМО храна ќе биде утврден, соопштија од АХВ.

Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.

Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *