Николовски: Досега се откупени 17.5 милиони килограми тутун и исплатени се 3,6 милијарди денари

Вести

Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, информираше министерот Љупчо Николовски.

„Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285,9 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40% во однос на минатогодишната.

Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија. Досега се откупени 17.5 милиони килограми и исплатени се 3,6 милијарди денари. Годинава имаме висококвалитетен тутун, поради што имаме најголем откуп токму на тутун од прва класа, нешто што никогаш досега не се случило.“, вели министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *