Николовски: Го вративме достоинството на земјоделците

Вести

-За неполн месец од нашиот мандатот успеавме да ги решиме сите пречки за исплата на субвенциите. За првпат сите субвенциите во земјоделството се исплатени навремено. Ги подмиривме и заостанатите субвенции што не ги исплаќаа владите на ВМРО-ДПМНЕ, за сите земјоделски гранки. Постигнавме највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари, а 424 млади земјоделци добија грантови од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро бизнис. Со мерката за поврат на персоналниот данок, 65.000 земјоделци добиваат износ еднаков на задржаниот данок,  потенцираше министерот Љупчо Николовски на вчерашната средба со граѓаните од Општина Дебарца, каде ги презентираше новите мерки со кои ги враќаат парите кај граѓаните.

-Ги зголемивме субвенциите и работиме кон поголемата искористеност на ИПАРД фондовите кои им стојат на располаѓање на земјоделците, истакна тој.


Исто така, Николовски се сретна со потесното општинско партиско раководство. Дискутираа за актуелната политичка ситуација, законите и мерките кои се донесени за подобрување на животот на граѓаните.

-Македонија долго време беше заробена држава и процесот на ослободување, на интеграција и на создавање услови за економски раст бара максимални напори. Ќе има нови работни места, ќе има повеќе пари кај граѓаните, Македонија ќе биде дел од современиот демократски свет, само ако сме сите силно посветени во она што го работиме, заврши Николовски. 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *