Николовски: Градежните работи за системот „Равен-Речица“ се во полн ек

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска истакна дека работните активности во Полошкиот регион се во полн ек, успешно се реализира голема инвестиција која ќе придонесе за обезбедување вода за земјоделски површини.

-Градежните работи за системот „Равен-Речица“ се во полн ек. Се работи за инвестиција од 975 милиони денари, која ќе овозможи наводнување на над 3.300 хектари земјоделска површина во полошкиот регион. Во моментот се гради изливниот базен, се врши копање на каналот за цевководот и изградени се пристапните патишта до базенот и до цевководот, истакна Николовски.

Изградбата се реализира во две фази и се очекува да трае 5 години.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *