5,2 милиони долари за справување со климатските промени, деградацијата на земјиштето и зачувување на биодиверзитет

Вести

Министерот за земјоделство, шумартсво и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера имаше работен состанок на кој присуствуваше одговорното лице за Република Македонија во ФАО, Гордана Кожухарова и тимот кој работи на спроведување проекти од Програмата од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ-7) во регионот.

 

-Македонија доби 5,2 милиони долари за справување со климатските промени, деградацијата на земјиштето и зачувување на биодиверзитет. Средствата ги добиваме од Програмата од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ-7). На овој состанок разговаравме за финансирање на проекти од областа на шумарството, како еден од стратешките приоритети на државата, истакна Николовски.

Заедно со ФАО, МЗШВ спроведува Национален инвентар на шумите, за што ќе бидат искористени 1,5 милиони долари.

-Преку оваа соработка ги постигнуваме заедничките национални приоритети, меѓународните обврски и ги зајакнуваме капацитетите и меѓу-секторската соработка помеѓу МЗШВ и Министерството за животна средина и просторно планирање, рече Николовски.

Во наредниот период е потребна интензивна соработка, со цел што поефективно искористување на средствата алоцирани за нашата држава преку Програмата од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ-7).

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *