Николовски и Шаровиќ договорија потпишување на протоколи за фитосанитарните барања меѓу Македонија и БиХ

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во својот кабинет имаше средба со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.

На денешната средба помеѓу министерот Љупчо Николовски и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ, се договори потпишување на протоколи за фитосанитарните барања меѓу двете земји, како и меѓусебно признавање и прифаќање на документи издадени од акредитирани лабаратории помеѓу надлежните институции.

– Како министерство го понудивме нашето искуство за градење на човечки капацитет во процесот на акредитација и имплементација на ИПАРД во Босна и Херцеговина, рече Николовски.

Министерот Шаровиќ, е дојден во Македонија, во рамки на Дванаесеттиот годишен работен состанок, кој ќе се одржи на 15-ти ноември во Струга.

 

Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *