Николовски и Заев меѓу тутунопроизводителите во Конче

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, советничката за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска, директорката на УЈП,Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, вчера беа во посета на општината Конче, каде што присуствуваа на трибина за состојбите во земјоделството.

Со откупот на тутунот од реколтата 2017-та се покажа што значи сериозна посветеност на една држава кон земјоделците, и кон една цела земјоделска гранка.

Конче, е еден од поголемите региони каде што најголем дел од жителите егзистираат од производство на тутун.

На трибината приствуваа голем број земјоделци и тутунопроизводители, кои од премиерот Заев беа информирани за  мерките и активностите кои ги презема Владата за подобрување на нивната положба и реализрање на дадените ветувања за повисоки откупни цени на тутунот и зголемувањето на субвенциите за секој откупен килограм тутун. При тоа премиерот Заев посочи дека откупот на тутун заврши без проблеми, со највисока просечна откупна цена од 217 денари по килограм.

„Многу ми е драго што навистина и временските околности и квалитетот на тутунот помогнаа да имаме ваква просечна цена. Ретко кога, се сеќаваат земјоделците на вака убава цена за  тутунот. Драго ми е што можам да кажам дека овој регион овде во Конче произведува квалитетен тутун, дури просечната цена е надпросечната во Република Македонија. Но истовремено ми е драго што можам да ја споделам среќата и задоволството со сите овде присутни, со тоа што субвенциите кои што сега следуваат по тутунот веќе ќе бидат зголемени, односно за прва класа ќе се плаќа 80 денари субвенција, за втора класа ќе се плаќа 70 денари, а за трета и четврта класа 60 денари“, порача премиерот Зоран Заев.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потенцираше дека освен новиот модел во три нивоа за зголемено субвенционирање на тутунот, со одредбите од новиот Закон за тутун и тутунски производи, од следната година, значително ќе се олесни адмнистративната процедура за земјоделците при склучувањето на договорите со откупните компании.

„Со носењето на новиот Закон за тутун и тутунски производи се укинува поднесувањето на евидентните листови. Од аспект на исплата на субвенциите сметам дека е битно исто така да се потенцира од оваа година после расчистувањето на неисплатените субвенции од претходните години, кое што во партнерство со Платежната агенција беше реализирано, оваа ќе биде година во која што земјоделците ќе ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, односно на почетокот на самата сезона.  Заврши исплатата по однос на разни мерки и во радовишко Конче, односно од почетокот на годината досега се исплатени 72 милиони денари на земјоделците од радовишко по однос на различни мерки.

Производството на тутун е тешко, затоа трудот мора да се цени и плаќа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *