Вчера, министерот Љупчо Николовски, придружуван од директорот на УХМР, Ивица Тодоровски, директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, беа во посета на метеоролошката мерна станица во Крива Паланка, која после 70 години од изградбата се реновираше.
Главната метеоролошка станица во Крива Паланка, е дел од мрежата на станици на Метеоролошкиот набљудувачки систем, на Република Македонија.
Овој објект важел за еден од најрепрезентативните објекти, но 70 години бил оставен на забот на времето, исправноста на инструментите беше загрозена.
На барање на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата на Република Македонија, донесе одлука за обезбедување на 2 милиони денари од буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, и 3 милиони денари за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.