Николовски:Ќе се зголемува поддршката за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи

Вести

Учеството на саемот АГРА како земја партнер претставува одлична можност за промоција на македонските производи.

-МЗШВ со промена на политиките стави акцент токму на финансиската поддршка за националното претставување на македонските земјоделски производи како што е тука на АГРА2018, а во следниот период Македонија ќе биде присутна на сите меѓународни саеми. Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми, истакна министерот Николовски.

Прекрасно подготвена македонска храна и квалитетно македонско вино ги воодушеви гостите на #Агра2018. Македонија може да биде горда на земјоделските производи и вкусната храна кои ги има.

-Македонските прехранбени брендови се препознаени и почитувани во Европа и светот, а со членството во ЕУ тие ќе бидат уште поконкурентни. За мене е голема чест што добив благодарница за успешно претставување на Македонија како земја партнер на овогодинешниот саем. Се потрудивме и верувам дека ја претставивме нашата земја во најдобро светло, рече Николовски.

 

Министерот Николовски ја посети и Винаријата Пуклавец (Puklavec Family Wines) која е најголемата винарија во Словенија со произведство од 4,2 милиони литри вино годишно. Нивното вино се извезува во 26 земји, а од 2011 година имаат винарија и во Македонија – Дисан Хилс Неготино.

-Сопствениците на винаријата имаат само пофални зборови за квалитетот на македонското грозје. Во срдечен разговор со нив дознав дека од 2009 до денес инвестирале преку 50 милиони евра во компанијата, од кои 10 милиони евра биле дирекна поддршка од ЕУ фондовите. Тие се познати најмногу по пенливите бели вина за кои имаат добиено престижни светски награди, истакна Николовски.

 

Б.П. за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *