Како се садат јагоди?

Вести Овоштарство Совети

Јагоди може да се садат во текот на целата година, но летното садење дава најбогат род. Јагодите засадени во јули и август уште од следната година можат да дадат род помеѓу 8 и 10 илјади килограми овошје по хектар, а оние засадените во есен само од 300 до 500 килограми, а во пролет незначителен принос. Ако се одгледуваат јагоди во јули и август, покрај квалитетот на расадот, пред и по садењето се бара обемно наводнување, сè додека не се зафати.

Каква почва е потребна за садење на јагоди ?

Јагодата нема некои посебни барања кога се работи за почвата, но најдобра е иловица или песочна почва, богата со органска материја. Не сака моногу плитка, ладна и глинена почва.

Најдобро е да се поставени јужно, особено за раните видови јагоди. Во оваа положба јагодите созреваат околу 12 дена порано. Северо-источната положба им одговара на среднораните сорти, а северната положба и рамната почва е за подоцнежните сорти кои цветаат подоцна и можат да ги избегнат пролетните мразови.

Како се садат јагодите ?

Садниците од  јагоди треба да биде засаден веднаш по вадењето. Доколку тие стоеле подолго време пред да се засадат, жиличките од расадот треба да се чуваат 10 до 20 часа во вода. Веднаш пред садењето, жилите треба да се скратат на една четвртина или половина и да се отстранат сувите и оштетени лисја. Коренот на расадот треба да биде потопен во раствор од измет, иловица и вода. Се сади на длабочината на која жилите биле во садникот.

Јагодите може да се садат рачно и машински, слично како садниците од зеленчук. За десет часа, на пример, машински може да се засадат 25 илјади садници, пет пати повеќе одколку рачно. Рачно се садат со садилка со која се прават дупки каде се става расадот. Садилката се користи на лесна, растресита и умерена почва. Прво, се поставува јаже или жица, така што со садилката, на одредено растојание, се прават дупки, длабоки и широки од 5 до 7 см и во нив се ставаат садниците. Со садилктата се набива земјата околу садникот. Слично е садењето и со помош на мотика, така што се прави дупка, садникот се става и се набива земјата околу него.

"Современо Земјоделство"
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *