Николовски на средба со полскиот амбасадор

Вести

Министерот Николовски оствари средба со амбасадорот од Полска, Мултановски.

На средбата со полскиот амбасадор Јацек Мултановски, беше потенцирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка што Република Полска и ја обезбедува на Република Македонија, на политички и на економски план.


Министерот Николовски и амбасадорот Мултановски, констатираа дека постојат услови за продлабочување на билатералната соработка во земјоделството, во насока на зголемена трговска размена и идни проекти поддржани со инструментите на ЕУ, како што се Twinning проекти и TAIEX програми за земјоделство и рурален развој, ветеринарна и фитосанитарна политика, спроведување на научно- истражувачки проекти и во сите останати области од евроинтеграцискиот процес, во кои споделувањето на полското искуство е многу значајно за Македонија.


На средбата беше договорено да се организира промоција на македонските земјоделско – прехрамбени производи во Полска, и средба со полскиот министер за земјоделство, во првата половина на оваа година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *