-Оваа година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите по грло за сточарите со развоен потенцијал, а со петгодишната Национална Програма од 2019 година, ќе стимулираме производство на квалитетно млеко, изјави министерот Љупчо Николовски, на манифестацијата по повод светскиот ден на млекото.
Тој нагласи дека исплатата на субвенциите ќе биде согласно класата на суровото млеко, и тоа за екстра класа 4 денари по литар итар, за I и II класа 3,5 денари по литар.
-Наша цел како министерство е да овозможиме поддршка за развој на производството на млеко и млечни производи, сектор што има сериозен придонес во исхраната, вкупното земјоделство и економскиот развој во Република Македонија, – рече Николовски.
По повод Светскиот ден на млекото, министерот Љупчо Николовски, со Млекара АД Битола, доделија плакети на најуспешни фармери за 2017 година.