BIMFOOD d.o.o. со капацитет за преработка и замрзнување на роба од 8000 тона годишно

Вести

BIMFOOD d.o.o. Македонија потекнува од почетокот на 2007 година, како идеја на два долгогодишни партнери од областа на печуркарството и тоа Мирко Биќанин (кој што веќе 20 години работи во оваа област на подрачјето на Србија и Романија, денеска совласник на претпријатието BIMFOOD d.o.o.) и компанијата  VERSILFUNGO srl. од Италија (која повеќе од 25 години со успех работи на пазарот во Италија и западна Европа, денес совласници на претпријатието BIMFOOD d.o.o.). Тие ја проширија својата работа  на подрачјето на Македонија, на дел од Балканот, со многу добри климатски услови за растење на шумските плодови кои се основна дејност на овие два партнери.

2007 година се означува како значајна за запознавање со добавувачите од Македонија со формирањето на ново претпријатие BIMFOOD d.o.o.. Со изнајмени објекти, ладилници во близина на Прилеп таа година се откупија значајни количини на шумски плодови, се изврши комплетна преработка и извоз до последниот купувач. Со оглед на добриот одзив на добавувачите, задоволителни количини и квалитет на производите, се донесе одлука за greenfield инвестиција во Македонија. Како локација се избра Прилеп заради позитивна економска клима.

Долга работна традиција и модерна технологија на преработка и пакување, ја прават компанијата “BIMFOOD” d.o.o. една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останатите шумски плодови во реонот на Македонија и Балканот.


Во 2012 година BIMFOOD doo. се проширува и инвестира во најмодерна технологија за брзо замрзнување на производи (IQF) со набавка на проточен тунел со капацитет 2500 kg/h.

Исто така изграден е и нов погон од 850 m/2,  а се прошири и можноста за чување на замрзнати производи до 1000 тона роба со контролирана температура од -20C. Инвестицијата содржи и нова линија за преработка на пиперка, вишна, слива, кромид, тиквиња, црн домат, домат и останати овошја и зеленчуци.

Капацитетот на преработка се зголеми на 8000 тона замрзната роба на годишно ниво.

“BIMFOOD” d.o.o. е синоним за квалитет и автентичност, благодарение на вниманието во барање на најквалитетна суровина како и нејзина преработка со најмодерна технологија.

Компанијата денес работи и со давање на следните услуги: замрзнување, складирање, пакување и дистрибуција на производи за домашни и странски клиенти.

Главни производи:

Печурки – свежи, суви, замрзнати и саламурени: врѓањ, јајчарка, лисичарка, руиница, ливадарка, смрчак, црна труба

Овошје – боровинки, капинки, малини, шипка, јагода, црна слива, вишна, костен

Зеленчук – пиперки, кромид, домат, црн домат, тиквиња

Со новата инвестиција компанијата успеа нагло да го зголеми извозот и количинската преработка на робата.

Денеска BIMFOOD doo.  откупува и преработува преку 4000 тони роба, врши услуги на преработка и замрзнување за домашни партнери од преку 1000 тони роба.
Меѓутоа со новата инвестиција, вкупниот капацитет за преработка и замрзнување на роба е 8000 тона на готов производ на годишно ниво.

Развојот на преработувачкиот капацитет доведе до ширење на пазарот на кој настапуваат.
Денеска BIMFOOD doo. е застапен на скоро цел Европски пазар, а нивната цел е да се прошират и во Русија, Англија, Америка, Канада итн.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *