Николовски: Субвенциите редовно се исплаќаат

Вести Видео

Во овој период се исплаќаат заостанати субвенции од претходната Влада од 2012, 2013, 2014, 2015 година.

-Субвенциите се исплаќаат редовно, транспарентно и неселективно, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците, истакна Николовски во интервју за Сител.

Се исплаќа според календарот за исплата на субвенции а исплатени се 40,5 милиони евра субвенции во текот на јануари и февруари кај лозарите, сточарите и полјоделците.

-Се подготвува исплатата на тутунот во месец април. Од јуни 2017 година до денес исплатени се 247 милиони евра за субвенции по однос на сите програми -заостанати долгови и редовни субвенции, рече Николовски.

 

Погледнете го интервјуто на Министерот Љупчо Николовски во целост:

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *