Николовски во посета на земјоделците во Делчево, Берово и Пехчево

Вести

– Убаво е чуството кога шеташ по македонските полиња. Денеска имав чест да ги посетам земјоделците во Берово, Пехчево и Делчево, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски со земјоделците разговараше за состојбите во земјоделството и политиките на новата Влада.

-Драго ми е што има позитивни реакции на политиките и мерките, но слушнав и одлични предлози и сугестии како да го подобриме работењето. Продолжуваме заедно да работиме партнерски со земјоделците за развој на македонскиот аграр, заврши Николовски.

Имено, Николовски вчера, на покана на ктиторот Митко Стојковски и Митрополитот г.Иларион, од Брегалничката епархија, присуствуваше на поставувањето камен темелник на новиот храм “Свети Пантелејмон”, на планината Голак, општина Делчево.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *