Николовски: Зошто одредена пченица не била откупена треба да каже Агенцијата за стокови резерви или земјоделците

Вести

 

Информациите се дека има 90 отсто откупена пченица од минатата година, а Министерството преку успешни мерки и политики создаде услови за досега рекордна откупна цена, доколку одредена пченица не била откупена тоа е прашање на кое одговор може да дадат само земјоделците или Агенцијата за стокови резерви, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека она што било во надлежност на Министерството било успешно сработено.

– Ние сме единствена земја во регионот која што за зголемување на мотивираноста минатата година воведовме интервентен фонд токму на барање на земјоделците, побараа 30 проценти, ние одлучивме да доделиме 40 отсто субвенции на 12.000 производители на жито во делот на производството на пченица, пченка и останатите важни стратешки култури пред да започне војната во Украина. Тоа резултира со мотивирани земјоделци, зголемено производство. Оваа година имаме зголемени пријавени површини, зголемено производство, значи намален увоз на овие култури, иако сме увозно зависна земја, постигнавме рекордна цена минатата година во жетвата и земјоделците се задоволни затоа што историски највисока цена се постигна минатата година токму со поддршката и за набавка на вештачко ѓубриво и со сите други интервентни мерки кои единствени ги воведовме во регионот, зошто земјоделците не ја давале минатата година кога се откупуваше за 24 денари тоа е друго прашање, изјави Николоски.

Посочи дека воедно треба да се провери во Агенцијата дали во тој момент кога компаниите откупувале можеле да откупат жито и пченица од домашните производители и дали увезувале.

-Тоа си е прашање кое се однесува на Агенцијата и сите кои регулираат и спроведуваат такви постапки наша надлежност е да креираме мерки и политики, еве креиравме и први во регионот креиравме интервентен фонд, дадовме подршка за зелена нафта и вештачко ѓубриво тоа е нашата работа, појасни Николовски.

Додаде дека Министерството во иднина ќе се стреми кон одржување на интервентнот фонд за производителитете на пченица.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *