Новиот закон за тутун ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите

Вести

Согласно Законот за тутун и тутунски производи склучувањето на договорите за производство и откуп на тутун за реколта 2018 година заврши заклучно со 10 април 2018 година.

Со состојба од 23.05.2018 година, деветте регистрирани откупни претпријатија во електронскиот систем ИСЕТ пријавија 33.501 договори за производство и откуп на тутун, а подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавиле 23.426 издадени евидентни листови.

Од претходно изнесените податоци за пријавеното производство на тутун за реколта 2018 може да се каже дека се издадени поголем број на евидентни листови (53),  поголем број на склучени договори (4147), како  и договорени поголеми површини  за засадување на тутун (окллу 90ха) во однос на пријавеното производство на тутун за претходната реколта од 2017 година. Врз зголемувањето на пријавеното производство на тутун во оваа реколта позитивно влијание има високата просечна откупна цена (217,60 ден./кгр.), како и исплатата на субвециите по класиза реколта 2017 година.

Според тоа, вкупното производство по години покажува дека Република Македонија во континуитет има стабилно и одржливо производсто на тутун, што треба да се зацрта како долгорочна стратегија на републиката и за во иднина-истакна Васко Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија.

Во поглед на очекуваниот квалитет на тутунот од оваа реколта, реално е да се очекува дека добиениот суров тутун во лист да биде со послаб квалитет во однос на тутунот од претходната реколта 2017, бидејки енорбно високите количини на врнежи особено во третата декада на јуни и првата декада на јули негативно се одразија и се причина за зголемување на листовте од долниот и средниот појас, овозможија создавање на услови за развој на болести, како и негативно се одразија врз процесот на сушењето на бербите од долниот појас, поради што тутунот при откупот ќе се проценува во пониски класи. Исто така, во одделни локалитети на некои региони на дел од тутунските насади се причинети големи оштетувања од град што секако ќе има негативен одраз како во поглед на квантитетот, така и во поглед на квалитетот на вкупното произвотство на тутунот од оваа реколта.

Стопанската комора на Македонија го поздравува подготвувањето на новиот закон за тутун и се надеваме дека што поскоро истиот ќе биде усвоен од страна на Владата на Република Македонија . Новиот закон за тутун, производи од тутун и сродни производи ќе реши некои од прашањата кои досега го оптоваруваа производството и откупот на тутун. Според достапните информации, веруваме дека овој закон ќе донесе многу позитивни промени и ќе ги подигне стандардите на квалитетот на тутунот, но исто така и на тутунопроизводителите како клучен фактор во целиот процес на тутунопреработката. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

Она што е особена новина во новиот закон регулирањето на новите тутунски производи. Покрај што првпат ќе се регулира прометот со новите тутунски производи во согласност со Директивата 40/2014, вклучително за прв пат и прометот со електронските цигари, исто така се зајакнува и контролата на состојките и адитивите во цигарите, а воедно се ограничува производството на цигари со помалку од 20 парчиња со што ќе се намали достапноста до цигарите особено за младата популација. Поголема и посуштинска контрола секогаш е потребна и добредојдена. Република Македонија со ова ќе биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе ги регулира овие производи, а во склад со најдобрите примери од ЕУ.

Значаен чекор напред во новиот закот за тутун е тоа што ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите, кои ќе ги префрли на другата страна, на страна на откупувачите односно откупните компании. Со донесување на овој закон ќе бидат укинати евидентните листови, или таканаречените „бели картони“, што значи дека тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија и на тој начин значително ќе им биде олеснета административната процедура. Во овој случај, сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании и тие ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели на кои се произведува тутун, како и Договорите за откуп на тутун да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. И оваа процедура е во насока на поголема контрола штом се влегува во електронски систем. Токму тоа директно ќе влијае врз поголема автономија на тутунопроизводителите и нивниот статус, а со тоа и на бројот на склучени договори, во смисла на зголемување.

Обезбедување на семенски материјал и други репроматеријали, авансирање на производството, заштита на тутунот на нива од болести, штетници и плевели во согласност со прописите за добра земјоделска пракса, сите овие аспекти од тутунопроизводството што ги погодува тутунопроизводителите и целиот процес ќе бидат полесно и подобро организирани во полза на тутунопроизводителите.

Поголема ефективност, подетален и потранспарентен откуп на тутунот, детализирани одредби за услови и документација за откуп, подобра организираност и усогласеност со регулативите, тоа се придобивките од овој закон, што очекуваме да донесе бенефит за сите инволвирани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *