Во производната 2017 година тутунот беше засаден на површина од 14.415 ха, и склучени беа вкупно 29.354 договори

Вести

Во производната 2017 година тутунот беше засаден на површина од 14.415 ха, а се очекуваше околу 26.659 тони суров тутун во лист. За ова производство склучени беа вкупно 29.354 договори со тутунопроизводители и издадени вкупно 23.373 евидентни листови за производство и откуп на тутун.

Според податоците внесени во електронскиот систем за евиденција на тутунот од страна на откупните претпријатија од реколта 2017 година откупени се вкупно 23.544 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 217,60 ден/кгр.

Од типот „Прилеп“ откупени се вкупно 21.107 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 218,13 ден/кгр., а од типот „Јака“ откупени се околу 2.436 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 212,92 ден/кгр, беше кажано на вчерашниот прес во Стопанската комора на Македонија.

-Од типот „ПРИЛЕП“ откупени се вкупно 21.104.971 кгр. суров тутун, што претставува намалување за околу 1.243.436 килограми од откупот од реколта 2016 година и

-од типот „ЈАКА“ откупени се вкупно 2.436.311 кгр. суров тутун, што претставува намалување за околу 313.092 килограми од реколта 2016 година.

Просечната откупна цена за реколта 2017 година изнесува 217,60 ден./кгр. или за 20,80 денари повеќе во однос на просечната откупна цена од реколта 2016 година (196,80 ден./кгр.).

Повисоката откупна цена на тутунот од реколта 2017 година е одраз на повисокиот квалитет на тутунот во однос на реколта 2016 година, што може да се види според учеството на класите во вкупниот откуп.

Според процентот на учество на класите во 2017 година суровиот тутун најмногу се откупува во I и II класа (93% во вкупно откупената количина), во IIIкласа околу 6%, а остатокот во IV класа и дополнителите класи.

Учеството на I-та класа во реколта 2017 година изнесува 30% што претставува зголемување за 14% во однос на реколта 2016 година и околу 18% во однос на реколта 2015 година.

Учеството на II-та класа во реколта 2017 изнесува 63%, што претставува намалување за 6% во однос на реколта 2016 година, зголемување за околу 1% во однос на 2015 година.

Учеството на III-та класа во реколта 2017 година изнесува 6%, што претставува намалување за околу 8 % во однос на реколта 2016 година  и околу 18% во однос на 2015 година.

Учеството на IV-та класа во реколта 2017 година е незначително и намалено за околу 1 -2% во однос на реколта 2016 година  и 2015 година.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *