Новите врнежи ќе ги покачат водостоите на реките, можно е излевање

Вести

Врнежите од дожд и затоплувањето на времето што е најавено за наредните денови ќе предизвикаа нагло топење на снежната покривка, што пак ќе доведе до покачувања на водостоите на реките и нивно можно излевање.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека новите врнежи дополнително ќе влијаат на водотеците и суводолиците и оти се очекуваат нови покачувања на водостоите, кои поради влажните почви и нивната мала способност да впијат поголеми количини на вода, треба да се внимава на можна појава на локални излевања на сливовите на реките Треска, на Црна Река, на притоките на реките Радика и Црн Дрим, притоките на реката Вардар, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув и Бабуна.

Со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на поплави, ЦУК ги известила единиците на локална самоуправа и им препорача да ги задолжат јавните претпријатија и останатите субјекти во нивните општини, да бидат подготвени и да извршат проверка на сите критични места на кои е можно излевање и поплавување, да се провери состојбата со мрежата на одводните канали и на другите водни објекти на нивна територијата, со цел утврдување дали истите ја обезбедуваат потребната водопропусност за нормален тек на водата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *