Денес сончево до невообичаено високи температури за февруари а утре веќе нагла промена во временската прогноза.
Метеоролозите од УМХР за денес прогнозираат пријатно време со температури кои на места ќе достигнат и до 20 степени Целзиусови.
Од друга страна пак , веќе утре најавата носи снежни врнежи кои најизразени ќе бидат во југоисточните делови и долж Повардарието.
Промената ќе почне од вечерните часови кога дождот ќе преминува во снег, ќе дува силен ветер од северен правец а температурата ќе „доживее“ пад при што на места се очекува таа да достигне и до -10 степени Целзиусови.
Скопската котлина од вечерва ја очекуваат врнежи кои повремено ќе бидат поинтензивни а според најавата тие во втората половина од ноќта ќе преминуваат во снег.
Се очекува овие нагли промени да влијаат и врз здравјето на луѓето.