Од среда се забрануваат најлонските кеси, биоразградливите од маркет ќе чинат 15 денари

Вести

Од среда, 1 декември, се забранува употребата на пластични кеси во земјава – тие веќе нема да се произведуваат, додека биоразградливите кеси, кои се продаваат во маркетите, ќе чинат по 15 денари.

Со ваквиот потег, на кој му претходеа законски измени од септември, треба да се обесхрабрат граѓаните да ги купуваат кесите, кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Исто така, од 1 декември се забранува користењето на пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *