Одржан вториот состанок на Управниот Комитет во АХВ

Вести
Одржан вториот состанок на Управниот Комитет

На 08.11.2019 година,  во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа вториот состанок на Управниот Комитет на проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“ чија цел е зајакнување на постоечките системи на надлежните институции и подигнување на свеста на јавноста, со цел да се подобри здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјата.

На состанокот беа присутни претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство – фитосанитарна инспекција, Фитосанитарната управа и Државната фитосанитарна лабораторија како главни корисници на проектот и преставници од Делегацијата на ЕУ која е договорен орган за спроведување на проектот и претставници од конзорциумот, имплементатор на проектот.

Тема на состанокот беше презентација на времените проектни извештаи за прериодот март 2019 – октомври 2019, проектните активности спроведени во текот на тој период, планираните активности во текот на следниот квартален период и временската рамка предвидена за нивна реализација. Дополнително, беа идентификувани и критичните точки и предизвиците за понатамошно спроведување на проектот и предложени дополнителни активности и препораки за нивно решавање.

Членовите на Комитетот дадоа свои коментари и забелешки во однос на досегашните спроведени активности како и забелешки и предлози за понатамошните активности со цел проектот да се движи во соодветна насока и да се осигура дека ќе бидат исполнети и реализирани сите предвидени активности согласно Проектната задача.

Беше дадена препорака до Договорниот Орган за одобрување на презентираните извештаи.

Следниот состанок на Управниот Комитет е предвидено да се одржи во мај 2020 година, кога ќе бидат презентирани следниот времен извештај и активностите реализирани во текот на тој период.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *