ИНФО ДЕН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ИПАРД 2014-2020
Од Општина Новаци, ве покануваат да присуствувате на Инфо ден каде што ќе се презентираат
*МЕРКА 3-Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и
*МЕРКА 7-Диверзификација на фармите и развој на бизниси од ИПАРД 2014-2020
Место на одржување: Општинска сала Новаци
Датум: 19.11.2019 (вторник)
Време: 11:00 часот
Мерките што ќе се презентираат се однесуваат на сите регистрирани земјоделци, пчелари, фармери како и на секој тип на мали бизниси за нивно доразвивање и проширување.