Онлајн состанок помеѓу Министерство за финансии и Министерство за земјоделство ,шумарство и водостопанство

Вести
Во организација на Министерството за финансии, денеска се одржа онлајн состанок на кој присуствуваа министрите од Владата на Република Северна Македонија.
Темата на овој министерски состанок е да се утврдат мерките кои ќе бидат дел од новата Програма за економски реформи 2022 – 2024.
Министерството за земјодлество шумарство и водостопанство беше претставувано од заменик министерот Трајан Димковски, кој ги презентираше петте мерки на #МЗШВ кои треба да бидат имплементирани во новата Програма:
👉Подобрување на системите за наводнување;
👉Консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште;
👉Земјоделски задруги;
👉(Ре)конструкција на полски патишта и
👉Воведување на европски стандардни за квалитет и зголемена конкурентност на македонските производи.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Програмата за економски реформи 2022-2024 предложи 5 мерки од кои 4 се од претходните години, додека мерката Воведување на европски стандардни за квалитет и зголемена конкурентност на македонските производи е нова мерка за која цениме дека со нејзина имплементација ќе се подобри конкурентноста и земјоделците ќе остварат подобри економски резултати од своето работење.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *