Оризопроизводителите на протест, бараат дефинирање на производна цена на оризот и забрана за увоз на неквалитетен ориз

Вести

Високите цени на репроматеријалите, а ниската откупна цена на оризот и арпата повторно на протест ќе ги извади земјоделците од Kочанско. Велат пред стартот на жетвата најмалку една четвртина од ланската реколта стои непродадена во амбарите, пренесува 24.mk.

Со нова жетва не почнуваат, во вторник ќе го блокираат патот Штип – Кочани сѐ додека не им се остварат барањата.

Барањата се дефинирање на производна цена на оризот и забрана за увоз на неквалитетен ориз, за да се заштити домашното производство. Од Иницијативниот одбор сметаат дека цената на оризовата арпа не смее да биде под 25 денари. Ги обвинуваат откупувачите за манипулирање, а државата за негрижа, бидејќи сега за килограм арпа се плаќа од 15-18 денари, а цената оди надолу секогаш кога ќе добијат државни субвенции.

Ова е петти протест што досега го организираат оризопроизводителите во последниве две години. Барањата на сите се практично исти.

Од Министерството за земјоделство при последната посета на Kочанско рекоа дека во минативе неколку години се усвоени голем дел од барањата на земјоделците, посебно во делот на субвенционирањето, но на цената не можат да влијаат.

Извор: 24.mk

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *