Органските производители со повеќе поволности

Вести Органско производство

Поголеми субвенции и поволности за органските производители. Субвенциите за примарното органско производство од 61, годинава се зголемeни на 81 милиони денари.

Финансиската поддршка во зависност од органската култура е до 100 проценти повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство.

И во неодамнешниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци предност ќе имаат оние кои што ќе решат да се занимаваат со органско производство.

За органските производители ќе има и уште една поволност, односно наскоро ќе биде објавен оглас на кој ќе можат да конкурураат за закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари.

Неодамна отворен е и Регистарот на органски производители, кој има за цел да ги поврзе потрошувачите, производителите и трговците и да ги направи достапни за сите информациите од овој сектор за понудата, побарувачката и цените на органските производи кој се достапни и се нудат на пазарот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *