Меѓу бројните штетници од доматите кои се одгледуваат во затворен простор, значајно место му припаѓа на штитестиот молец (цветен штитест молец – Trialeurodes vaporariorum и тутунов штитест молец – Bemisia tabaci).
Доколку не се воочат навреме и веднаш не се сузбијат, овие штетници можат да претставуваат голема закана при успешното одгледување на домати. Поради нивните напади, приносот на доматите може да се намали до 40%. Штетниците можат да предизвикаат големи оштетувања и на други видови на зеленчук, кои се одгледуваат во затворен простор, како што се краставица, модар патлиџан и пиперка.
Цветниот штитест молец е мал, нежен, многу жив инсект, сличен на пеперутка, кој е долг околу 2 мм. Телото и крилјата се прекриени со фин, бел, восочен прав, поради што штетниците се нарекуваат пеперутка или бели мушички.
Ларвите се со плоснати тела, слични на штитести уши. Ларвите се мобилни неколку часа, а потоа се прицврстуваат на постојано место. Во текот на годината, во заштитени објекти се развиваат и повеќе од 10 генерации.
Тутуновиот штитест молец е нов член на ентомофауната на доматите, но исто така и на другите култури во нашата област. На нашето подрачје, откриен е пред неколку години. По своите морфолошки карактеристики, сличен е на претходните видови. Во текот на годината се развиваат поголем број генерации. Со хранење од растението ( доматите ), штетниците ги цицаата растителните сокови, одземајќи им ги на растенијата потребните асимилати, предизвикуваат нивно заостанување во растот и растението дава пониски приноси. Исто така, со цицање на листот, тие предизвикуваат избледнување на листот, некроза на ткивото и изукмирање. И двата видови штитести молци, лачат изобилство на медена роса, што е погодна основа за развој на една габа, која брзо се размножува и ја покрива речиси целата површина на нападнатото растение.
Ова ја намалува асимилационата површина на нападнатите растенија, што дополнително влијае на намалувањето на приносот. Плодовите кои се покриени со габички, не се погодни за на пазарот. Тутуновиот штитест молец, освен овие штети, големи штети прави со пренесување на бројни и многу штетни растителни вируси, од кои некои (на пример, TYLCV) се особено штетни за доматите.
Сузбивање на штитестиот молец
За успешно сузбивање на штитестиот молец, од суштинско значење е навреме да се открие присуството на штетници во пластеникот. Присуството на штетниците најлесно се определува со помош на жолти лепливи плочи. Плочите во пластеникот се поставуваат на повеќе места. Плочките висат, така што со долниот раб се на висина со врвовите на растението. Привлечена од жолтата боја, мушичката се лепи на плочката, така што е лесно да се одреди времето на појава на штетниците со секојдневна проверка на плочата. Кога нападот на стаклената мушичка е премногу силен, неопходна е примена на инсектицид. Во третманот, растенијата треба темелно да се испрскаат ( измијат ), а третманите да се повторуваат неколку пати во интервали од 4 до 5 дена, така да штетникот нема да може да се задомаќини на самите домати.
Од хемиските препарати, најдобрата заштита е обезбедена од Boxer SWL 200, Actara 25 WG, Chess 50 WG и специјална формула Teppeki 500 WG.
„Современо Земјоделство“