Пчелa робот ( Robo Bee ) – Иднина или не?

Вести Пчеларство Совети

Поради нивната големина, мобилност и уште во потполност несфатливи колонии, пчелите се идеални за научниците кои сакаат да ја развијат, со цел да постане инсект – робот. Прочитајте кои се најновите достигнувања во светот на науката!

Научниците во Америка успеале да направат роботи што личат на пчели. Станува збор за летечки роботи кои имаат развиен мозок кој наликува на мозокот на пчелата.

Самиот проект вреди неколку милиони долари. Тие создадоа роботска пчела, технолошка копија на вистинска пчела која е само малку поголема од монета од цент и тежи околу 80 милиграми.

Роботските пчели се карактеризираат со способност да лебдат во воздухот, што ги прави идеални опрашувачи. Покрај тоа, нив не им се заканува биолошка болест, и се целосно имуни на штетниците и временските услови.

Пчелата робот е направена од две керамички крила кои постигнуваат 120 движења во секунда и тело од пластични споеви и влакна од јаглерод, а роботските пчели можат да лебдат во атмосферата и да содржат доволно хардвер за подолги летови.

Во моментот, роботските пчели мора да имаат извор на енергија за да летаат, но својата работа си ја извршуваат самостојно. Научниците велат дека роботските пчели може да се користат како корисна алатка за воена употреба, односно невидлив надзор.

-Следниот чекор е да ги научиме роботските пчели да комуницираат едни со други, и ние сме на вистинскиот пат да ја постигнеме оваа цел. Се разбира, треба да се забележи дека ова е само привремено решение додека не се најде она вистинското, но мораме да се подготвиме за катастрофата што со години им се заканува на вистинските пчели, објаснува Роберт Вуд.

Неодамна е откриено дека овие мали механички чуда се во состојба да нуркаат и пливаат под вода, иако тие се многу поспори. Поради нивната мала тежина, Robo Bee мора прво силно да потоне во водата, да ја пробие и се нурне во неа.

Овие роботски пчели, кога ќе бидат целосно усовршени, ќе имаат многу задачи: самостојно опрашување на големи земјоделски површини, пребарување и спасување, истражување на опасни и непристапни места, воен надзор итн.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *